ВО ЖИВО: Митинг на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата
Под мотото „Македонија ќе победи“ пред Владата на Република Македонија вечерва митинг одржува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Ова е прв митинг што го организира ВМРО-ДПМНЕ предводена од новото раководство и претседателот Христијан Мицкоски, кој ќе се обрати пред присутните членови и симпатизери на партијата.
Според најавите, од собирот на опозициската партија ќе бидат упатени критики за политиките на актуелната власт, а се очекува да бидат соопштени и следните чекори на опозицијата.
Сообраќајот на булеварот „Илинден“ пред Владата на Република Македонија е затворен за сообраќај.
Од 20 часот за сообраќај ќе се затвори и мостот „Гоце Делчев“, а сообраќајната полиција повремено ќе го пренасочува сообраќајот по околните улици во зависност од движењето на граѓаните.
Од МВР информираат дека возилата на јавниот градски превоз ќе можат да се движат по улицата „Димитрија Чуповски“ на „Рекорд“ во двете насоки.
Ново на Сител
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот