Во земјотресот во Италија 247 загинати, премиерот Ренци најави вонредна состојба

Во земјотресот, што вчера ја потресе централна Италија, досега загинаа 247 лица, а италијанскиот премиер Матео Ренци најави дека денеска ќе се прогласи вонредна состојба.
Италијанската Агенција за цивилна заштита соопшти дека спасувачите и натаму трагаат по преживеани од под урнатините на девастираните планински села.
Стотици лица се повредени, од кои поголемиот број се во хаотична состојба, пренесуваат француските медиуми.
Не е познат бројот на преживеани и загинати, кои се уште се наоѓаат под урнатините.
Подрачјето во централна Италија, кое веќе беше погодено од силниот земјотрес, утринава беше потресено од нов удар со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала.
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, што вчера наутро, во 03.36 часот, ја потресе областа во близина на градот Перуѓа, на околу 170 километри североисточно од Рим, се почуствува на поширокото подрачје од централна Италија. Најтешко е погодено подрачјето меѓу регионите Лацио, Марка, Умбрија и Абруца.
Ново на Сител
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
-

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места
-

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“
-

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евакуирани над 220 илјади луѓе
-

Новите американски царини предизвикаа негативни реакции од светот, вклучувајќи ги ЕУ, Кина, Јапонија и Австралија
-

Бесплатен панорамски разглед на Скопје
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
