Во вториот квартал нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра

Во вториот квартал годинава нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра, покажуваат податоците од објавеното редовно статистичко соопштение на Народната Банка за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција.
-На 30 јуни 2025 година, нето надворешниот долг изнесува 4.595 милиони евра (или 28,2% од проектираниот БДП). Нето надворешниот долг на земјата, во вториот квартал од 2025 година, е зголемен за 44 милиони евра, или за 1%. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 67,1%, се вели во соопштението.
Во текот на вториот квартал од 2025 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 119 милиони евра и изнесува 8.983 милиони евра, што претставува 55,1% од проектираниот БДП за 2025 година.
МИА
Ново на Сител
-

Србите го слават Свети Сава
-

Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Не 7 дена, ќе седиме тука додека не се реши проблемот, велат транспортерите кои ги блокираат границите
-

Што треба да поседува новиот државен јавен обвинител?
-

Собранието утре гласа за нови членови на КЗСД - граѓанскиот сектор обвинува за партизација на институцијата
-

Мицкоски до Ахмети за тет-а-тет средба - ќе се видиме, некогаш!
-

СДСМ: Жена му на газдата имала заедничка фирма со татко му на Нелоски
