Во Виница обука на Црвен крст на Македонија

Општинската организација на Црвениот крст од Виница денеска беше домаќин на едукатуивна работилница за волонтерите на Црвениот крст во рамките на заедничкиот проект со компанијата „Винчини“ од Виница и Црвениот крст на Република Македонија.
Со потпишаниот договор компанијата „Виничини“ донираше средства во износ од 372.200 денари за работа на Цевениот крст на Македонија и на општинските организации на Црвен крст од Виница, Штип, Куманово и Струмица во наредните седум месеци.
- Во проектот кој ќе се реализира до крајот на оваа календарска година се вклучени и дневните центри за децата и младите со посебни потреби од општините Виница, Куманово, Штип и Струмица. Едукативната работилница ја реализиравме во просториите на Црвен краст Виница и на неа присуствуваа волонтери на Црвениот крст од општините вклучени во проектот, вработени од дневните центри од општините Виница, Куманово, Штип и Струмица, како и волонтери од компанијата Винчини, изјави Кирил Цоневски, секретар на Црвен крст Виница.
Целта на работилницата е да се подготват локални планови за акција, како и планирање на активности кои ќе следуваат понатаму а ќе се однесуваат на спроведување на заеднички иницијативи, потоа креативни работилници организирање на рекреативни работилници, летување за деца со посебни потреби, а најважно од се е едукација на родителите на децата со сосебни потреби.
Во имплементацијата на овој прокет денеска беа вклучени и виолонтери од компанијата „Макпрогрес“ од Виница, како општествено одговорна компанија која ги подржува активностите и работата на Дневните центри за лица со посебни потреби и Општинските организации на Црвен краст во Македонија.
Ново на Сител
-

Петгодишно дете паднало од балкон во Гостивар
-

Митревски пред дуелот со Словачка: Нè очекува тежок натпревар против незгоден противник
-

Девет сомнителни случаи на каридиохирушки интервенции, наодите ќе се испратат до Владата и до ЈО
-

Осомничениот од Старо Нагоричане, прв сериски убиец на жени, поврзан со уште две убиства и два обиди
-

Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
