Во Велика Британија се затвораат илјадници угостителски објекти
Во Велика Британија се затвораат илјадници гостилници и кафулиња, поради зголемените сметки за комунални услуги и наем, пишува „Индипендент“ (Independent).
„Угостителската индустрија попушта под тежината на зголемените сметки за струја... Илјадници барови, ресторани и пабови ширум Велика Британија се затвораат трајно, поради превисокиот наем и тековни трошоци“, се наведува во написот, врз основа на податоци од Kонсултантската групација ЦГА.
Од јануари до септември 2023 година, се вели, биле затворани над 10 угостителски објекти секој ден. Во истовреме, нивниот вкупен број во Велика Британија падна на помалку од 100.000 - првпат откако се следат овие податоци. Меѓу другите фактори што водат до затворање ресторани на Островот се и зголемените цени на храната и недостигот на работници.
Ново на Сител
-

Поскапи горива од полноќ
-

Даночно затајување од 7,4 милиони денари, кривична за двајца управители
-

Романо: Мурињо и Реал се договорија
-

Парада на гордоста под слоганот „Сите нека знаат“ на 20 јуни во Скопје
-

ПОЦ воспоставува нов систем на паркирање во Центар
-

Криптовалутите под притисок: Биткоинот и алткоините губат од вредноста
-

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“
-

Повеќе од 4.500 учесници од Македонија и од странство дел од овогодинешниот „Прв до врв“
