-->
-->
Во велешкиот поширок регион нема стока заболена од бруцелоза
-->

Директор на Ветеринарната станица во Велес д-р Димче Димитриевски, денеска информира дека во поширокиот велешки регион нема овци и кози заболени од бруцелоза.
- Од испитаните примероци на крв кај 25 илјади грла на овци и кози во изминатите неколку месеци во поширокиот велешки регион вклучувајќи ги и Општините Градско и Чашка нема заболени грла на бруцелоза. Сметаме дека болеста која порано ги десеткуваше стадата е веќе искоренета, а тоа е резултат и на редовната вакцинација на стоката, потенцира Димитриевски.
Тој потсети дека акцијата за испитување на крв кај стоката беше во рамки на превентивните годишни акции за сузбивање на оваа болест.
Во изминатите неколку месеци паралелно со оваа акција против бруцелоза биле вакцинирани околу 5 илјади подмладоци на стоката како јагниња и помал дел на јариња.
Воедно, стручните ветеринарни екипи на Ветеринарната станица, а во соработка и по препораки на Агенцијата за храна и ветеринарство во насока на превентивна заштита деновиве засилено по велешките села вршат едукација на сточарите за заштита на стоката-овци,кози и говеда од болеста „син јазик“. Се дели и пропаганден материјал за тоа што е болеста, како се пренесува, како да се препознае и пред се’ како да се заштити стоката од болеста.
- Болеста се пренесува единствено преку каснување од инсекти мушички од видот Culicoides посебно во летните месецикога има топли и дождливи периоди. Со оглед на временските услови кои придонесуваат за енормно брзо множење на овие мушички ги предупредуваме сточарите навреме да ја заштитат стоката од оваа болест. Сето тоа поради лошото искуство од изминатата година, а која остави тешки последици кај стоката од поедини стада, предупредува д-р Димитриевски.
Инаку, според штотуку завршениот годишен попис од страна на ветернираните екипи на Ветеринарната станица од Велес, во велешкиот поширок регион регистрирани се околу 45 илјади поголем број овци и во помал број кози.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
