Во велешката болница има слободни места на двете ковид – одделенија
Во велешката болница хоспитализирани се вкупно 62 пациенти, од кои 57 се позитивни на Ковид-19, двајца сомнителни и тројца пациенти со негативни тестови. Од нив 22 пациенти се на кислородна поддршка, информира портпаролот на болницата д-р Весна Неделковска Николова.
На Инфективно одделение се сместени 50 пациенти и има слободни уште четири кревети, на Физикална има девет пациенти и има уште 15 слободни кревети.
На Интерно одделение „Б“ крак се сместени само тројца пациенти, но таму се сместуваат само пациенти кои веќе го прележале Ковид, а имаат дополнителни последици од болеста, па, се оставени на понатамошно лекување.
Д-р Неделковска Николова за МИА изјави дека засега во двете ковид одделенија има здравствен персонал од овие, но и лекари и медицински сестри кои ротираат и дежураат во овие одделенија, а се од другите одделенија на болницата.
Црниот биланс на починати за жал продолжи и денеска. Утринава починал маж од Велес (51) примен на 19 ноември, а тој е 67-ми починат како последица од Ковид од почетокот на епидемијата во Велес и велешко.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата