-->
-->
Во Велес започна реконструкцијата на ООУ „Св. Кирил и Методиј“
-->
Започна реконструкцијата на ООУ „Св Кирил и Методиј“, во Велес во рамки на проектот „изградба и опремување на 145 спортски сали“ и реконструкција на средни и основни училишта во Република Македонија.
Градоначалникот на општина Велес, Славчо Чадиев на денешната прес-конференција по повод започнувањето на работите истакна дека реконструкцијата на ова училиште ќе чини 5 милиони денари. Со проектото се предвидува реконструкција на спортската сала, подовите во 15 училници, а ќе се постави и нова фасада на стариот објект.
- Практично овој проект е продолжување на претходниот преку кој беа рехабилитирани покривот, двете згради на училиштето, подовите, надворешната столарија и фасадата на поновиот објект. Инвестицијата изнесуваше 15,5 милиони денари, информира Чадиев.
Тој информира дека во изминативе четири години Општина Велес вложила многу во образованието. - Одредени зафати и реконструкции се направени во сите средни и основни училишта. За таа цел инвестирани се вкупно еден милион 29 илјади 806 евра, потенцира Чадиев.
Инаку, училиштето „Свети Кирил и Методиј“ годинава одбележува 160 години од своето постоење и е најстаро основно училиште во Велес и во Македонија.
Во најстарото основно училиште во Македонија„ Св. Кирил и Методиј учеле многу генерации велешани.Меѓу нив и многу истакнати дејци од постарата и понова македонска историја: Андреја Дамјанов, Васил Главинов, Ѓорги Зографски, Данчо и Тодор Зографски, Петре Прличко, Кочо Рацин, Панко Брашнаров, па до помладитите професорот Васил Тоциновски, ракометарот Пепи Манасков, виолинистот Костадин Богдановски, научникот Александар Донев Тие се само дел од плејадата познати личности од ова велешко училиште кое е препознатливо по својата убава надворешна архитектура на зградата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Историската патека на Мис Стон станува дел од туристичката понуда во прекуграничниот регион
-
Марш на ангелите во Кочани - болката се претвори во крик на очај
-
Тема на денот со Ана Ангелова Валпони, професор на Кингс Колеџ - Лондон
-
Марш на ангелите во Кочани
-
Истрага за оружјето со кое биле убиени Вања и Панче
-
Првата група повредени се смести во центарот за рехабилитација на Пониква
-
Растење на природен заб во лабораторија - научен подвиг со македонски потпис
-
Костадин Костадинов очекува поддршка за нов мандат во Струмица, тврди дека на сите анкети води со 3:1