-->
-->
Во Велес состојбата со Ковид-19 се смирува, но нема простор за опуштање
-->

Во Велес состојбата со Ковид-19 се смирува, но нема простор за опуштање. Ваква оценка денеска била донесена на триесеттата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, информира на денешната прес-конференција градоначалникот на Велес Аце Коцевски.
Во Општина Велес досега вкупно се регистрирани 2.127 заболени од Ковид-19, од кои 1.297 се оздравени, а 761 се активни. Од овие граѓани 691 се позитивни и се на домашно лекување, 63 се лекуваат на Инфективното одделение во Општа болница Велес, еден на торакална хирургија и шестмина во приватни клиники. Досега како последица на Ковид-19 во Велес починале 69 лица.
Коцевски информира дека имало промени на дневна основа, но вирусот бил широко распространет и затоа не може да се лоцираат кластери, со исклучок на семејни и соседски жаришта што се појавија во Горно Оризари, Мелница и Градско.
–Од податоците што ни се во моментов достапни денес се регистрирани 30 нови оздравени лица, информира Коцевски. Појасни дека притисокот попушта речиси во сите здравствени институции, каде се третираат и лекуваат пациенти заразени или сомнителни на Ковид-19.
Во болницата во моментов има 20 слободни места, а се завршуваат и градежните зафати околу модуларната Ковид болница што ќе биде поставена на хелиодромот над Инфективното одделение на Велешката болница.
–Се уште нема конкретно решение за Тријажниот центар. Се состанале директорите на јавните здравствени институции и матичните лекари, но нема решение. Потребно е внимателно да се анализира ситуацијата бидејќи за отворање на таков ценатр се потребни дозволи од Министерството за здравство и санитарно-здравствениот инспекторат, појасни Коцевски.
Тој информира дека не е драматична состојбата и во Јавните претпријатија во градот и во образовните институции, каде не бил многу голем бројот на заразени лица од коронавирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
