-->
-->
Во Велес синоќа претставен портретот на писателот Венко Андоновски
-->

Во медиотеката на локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес синоќа беше претставено делото на писателот Ванко Андоновски.
Првиот промотор проф-д-р Весна Мојсова Чепишевска даде осврт на целокупниот опус на писателот и нејзин колега од Катедрата за македонска книжевност,меѓу другото се врати на своите читања на Андоновски првично објавени во 2006 година.
- Да се пронајде нов начин на читање,да се поведе некоја друга,нова игра со читателот-тоа во прв план го истакнува Андоновски во својата поетика.Читателот е ставен во центарот на вниманието,тој не е само пасивен конзумент,ниту пак е надвор од самото дело(од романот).Тој е оној кој ја чита книгата,но и оној кој ја склопува приказната,кој презема дел од писателовата улога.Тој е во романот како еден од неговите внатрешни чинители,како коавтор, но и како книжевен лик,кој има сосема активна улога спрема другите,останати книжевни ликови, пишував тогаш за Андоновски, потсети прод д-р Мојсова Чепишевска.
Вториот промотор на делото на Венко Андоновски, проф д-р Ангелина Бановиќ Марковска се осврна на авторот како драматург и колумнист.
Таа појасни дека неговата драматуршка активност би можела да ја подели/групира во три тематски нивоа.
- Тие не се изолирани,туку се преплетуваат меѓусебно.Од една страна,тука се драмските текстови кои ја обработуваат темата за насилството и теророт на тероризмот.Потоа оние имаго типски драми кои се занимаваат со стереотипите за другоста,претставени во релација Балканот вс. Европа како и драмски текстови кои реферираат на познати книжевни дела,кои се користат како свои предлошки,појасни проф д-р Бановиќ Марковска.
Таа напомена дека трите тематски рамништа одлично кореспондираат меѓусебно и се преплетувааат.Во првата група се „Адска машина“,„Бунт во домот за старци“,„Словенски ковчег“,„Црни куклички“,„Олово на перница“.Во втората:„Кандид во земјата на чудата“„Кинегонда во Карлаленд“,„Граница“.Во третата:„Генетика на кучињата“ и „Ана Каренина“.
Според неа Венко Андоновски е еден од најуспешните македонски прозни и драмски автори.
Инаку, промоцијата беше во рамки на манифестацијата „Велес-Град на културата 2015“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски ќе го претстави новиот систем за СМАРТ лиценци и активностите за „Роаминг како дома“
-

Палестинец уапсен на Крит под сомнение дека е поврзан со Хамас и планирал напади
-

Денес се празнува трето наоѓање на главата на Свети Јован Крстител
-

Лидерите на Украина, Франција и Германија доаѓаат во Лондон на разговори
-

Парламентарни избори во Ерменија
-

Николоски ќе изврши увид во реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродром
-

Топло време со температури до 34 степени, попладне можно краткотрајно невреме
-

Осум лица лишени од слобода поради дрога во Скопје, Тетово и Битола
