Во Велес се одржа 4. Бадникова поворка

Во организација на Епархијата Повардарска во Велес со поаѓање од црквата „Св.Кирил и Методиј“ по главната улица „Благој Ѓорев“ до Трговскиот и покрај училиштето „Васил Главинов“ и назад повторно до црквата „Св Кирил и Методиј“ денеска се одржа четвртата Бадникова поворка – Литија.
На Бадниковата поворка учествуваа над 200 деца и граѓани од Велес, кои ја пееја традиционалната песна „Вечниот бог“ наговестувајќи го доаѓањето на Бадник, а по негo и на Божиќ и раѓањето Исусово.

Како што информира за МИА Никола Цилаков од Епархиката Повардарска во Велес, денеска во црквата „Св. Кирил и Методи“, митрополитот Повардарски Агатангел отслужи Св.Божествена Литургија на која беа осветени и Бадниковите гранчиња, a кои Епархијата им ги даруваше на православните верници да ги однесат во своите домови за Бадник.
По завршување на литургијата, митрополитот Повардарски Агатангел традиционално со бадникови пакетчиња ги даруваше децата-учесници во литијата.
Ново на Сител
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
-

Преглед на вестите од светот
