Во Велес презентирани воени возила на армиите на Македонија и на САД
На паркингот и игралиштата зад гимназијата „Кочо Рацин“ во Велес синоќа беа презентирани воени возила и други воени средства на армиите на Македонија и на САД.
Оваа активност на двете армии беше во рамките на вежбата „Draggon Guardian 17“ односно во рамки на цивилно-воената соработка меѓу двете земји.
Велешани посебно најмладите пројавија голем интерес и беа многу љубопитни да ги разгледаат одблиску воените возила и да се качат и на нив и во нив и се фотографираат за спомен со американските и македонските војници.
Американскиот војник од прва класа Серна Џошуа рече дека оваа презентација е со цел за поврзување и соработка меѓу американските и македонските граѓани.
- Сакаме да покажеме дека соработуваме и затоа сме дојдени туку и ни е многу драго што сме во вашата земја која е прекрасна и многу ни се допаѓа, рече војникот Џошуа.
Ново на Сител
-
Почна полагањето на државна матура, првпат во ходници и сали
-
Алармантно предупредување во скопските училишта: Постои тренд на самоповредување кај учениците
-
Уапсени 28 лица за продажба на дрога
-
Кој ги “саботира” хируршките клиники?
-
Од денеска полесно до работа во Германија
-
Масовната урбанизација го менува ликот на Охрид
-
Штипјани во хумана акција за прибирање 70 000 евра за лекување на медицинската сестра Сибил Омерова
-
Преглед на вестите од светот