-->
-->
Во Велес по еден новозаболен и оздравен од Ковид-19
-->

Во изминатите 24 часа во Велес се регистрирани еден новозаболен од Ковид-19, како и еден оздравен пациент кој се лекувал во домашни услови, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.
Во Велес и велешко моментно се активни 18 случаи со Ковид 19.
На Инфективното одделение при ЈЗУ Општа болница во Велес како што информира за МИА портпаролот д-р Весна Неделковска Николова, на лекување се 14 пациенти од кои кај десет е потврдена болеста,а четири се сомнителни и чекаат резултати од тест.
Освен од Велес и велешко на лекување во оваа одделение при велешката Општа болница има и пациенти од Свети Николе, Кавадарци и Неготино.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Со големи попусти до 70% СЕТЕК го прославува својот 32 роденден
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на ЗНАМ
-

Самит на ЕУ за Западен Балкан
-

Преглед на вестите од светот
-

Нова бомба со тврдења за фаворизирање
-

Љупчо Пецов Ѓаволот се предаде на полицијата, од бегство оди во куќен притвор
-

Советот на јавни обвинители утре ќе избира привремен наследник на Коцевски
