Во Велес отворена изложба на постери на Маријана Иванова
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложба на постери „Им постер“ на уметница и графичка дизајнерка Маријана Иванова од Виница, која работи во Бугарија.На изложбата во Велес, таа се претстави со 35 постери, а ја отвори Елица Николова од ЛУ Народен музеј во чија соработка се реализира изложбата.
Изложбата е дел од проект кој авторката го реализирала во соработка со Министерството за култура, а со овие постери веќе се претставила во Мексико, САД, Уругвај, Русија и други земји.
Иванова досега имала седум самостојни изложби во Р.С. Македонија и Р. Бугарија. Таа учествувала на над 80 групни изложби во 23 земји во светот, од кои 40 се изложби од интернационални конкурси за плакат, селектирани од страна на врвни светски плакатисти и дизајнери.
Добитник е на шест награди.
Ново на Сител
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари
-
Топлотниот бран ги „вжешти“ телефоните во Скопската брза помош
-
Расте бројот на нови партии пред изборите, без измени на Изборниот законик нема независни кандидати