-->
-->
Во Велес изложба на Петра Јовановска и Валентина Илијевска
-->

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложбата „Круг и квадрат“ на академските ликовни авторки Петра Јовановска и Валентина Илијевска.
Како што појасни Елица Николова директор на велешкиот Народен музеј која зборуваше за изложбата, над 30-те дела коишто се презентирани на изложбата, се работени во комбинирана техника со нагласена употреба на колажот, графиката и дигиталниот принт.
- Двете авторки ги претставуваат своите концепти и истражувања во рамките на современиот визуелен израз базиран на дигиталната технологија и геометризирана структура, движејќи се по скалата од симплифицирани решенија до сложено структуирани композиции, потенцира Николова.
Изложбата се реализира во соработка со Музејот на град Велес и НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово којшто е организатор и координатор на проектот.
Петра Јовановска е родена во Јесеник, Чешка, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек Графика. Има реализирано голем број самостојни изложби и учествувано на повеќе групни изложби и колонии во земјата и странство.
Валентина Илијевска е родена во Скопје, живее во Куманово, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек Графика и графички дизајн. Магистар е по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. Има реализирано голем број на самостојни изложби и учествувано на групни изложби и колонии во земјата и странство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
