-->
-->
Во Велес изложба на фотографии „Момент на впечатоци“ од Каролина Мицевска од Прилеп
-->

Во организација на Народниот музеј од Велес синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена изложба на фотографии „Момент на впечатоци“ од новинарот Каролина Мицевска од Прилеп.
На оваа изложба се претставени 24 фотографии, од кои дел од фотографиите се ново видување на авторката на пределите во Македонија и Русија, а дел се сегмент од нејзиниот прв циклус.
Како што појасни промоторот Елица Николова директор на велешкиот Народен музеј, изложбата е дел од убавите моменти на Мицевска од Македонија и Русија,а при нејзините две посети на оваа земја.
- Во најголем дел претставени се Сакралните објекти црквите во Русија кои се исклучително значаен дел од руското наследство,како неколку сакрални објекти од Македонија, фотографирани од специфични ракурси, кои ја доловуваат нивната монументалност истовремено и нивната мистичност. Дел од фотографиите можеме да ги наречеме пејсажни,во кои се најзастапени сегменти од архитектура и водени пејсажи.Преку своите фотографии на свој начин,искажувајќи ја својата субјективност, својот немирен и истражувачки дух и исклучителна дарба на суптилен начин да и даде поширока смисла на самата функција на фотографијата, кажува нешто за себе, за своите преокупации и интереси и за светот наоколу оставајќи личен печат,појасни Николова.
Како што изјави авторката Каролина Мицевска, преку оваа изложба таа воедно сака да ги претстави сличностите меѓу Прилеп и градот Сизен од Русија.
- Пораката од изложбата е дека насекаде има убавини и убави моменти и тие треба да се овековечат за да останат во трајно сеќавање.Воедно преку оваа изложба јас сакам да ги поврзам културите на државите кои ги претставувам, потенцира Мицевска.
Изложбата досега е претставена во Прилеп, Радовиш, Гевгелија, Неготино, Крушево и Велес, а планира да ја изложи и во Скопје и други градови во земјава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
-

Кривична за 46-годишник од Гостивар, преку коментари на социјалните мрежи ширел омраза
-

Заврши судењето на Стојанче Зарков за убиство на неговата мајка, пресудата закажана за 9 февруари
-

Уапсен охриѓанец за лажни сообраќајни, измамил граѓани за 60.000 евра
-

ВМРО-ДМНЕ: Дали СДСМ работи против „Безбеден Град“
