-->
-->
Во Велес голем интерес за проектот „Купи куќа за млади“
-->

Во Канцеларијата за проектот „Купи куќа за млади“, која е отворена во рамки на Управата за имотно правни работи во Велес, за неколку месеци досега над 500 граѓани на Велес пријавиле интерес за владините проекти.
Како што информира Маре Оцевска одговорно лице во оваа канцеларија во Велес, поголем дел од заинтерсираните биле за новиот проект „Купи куќа за млади“, а помал дел за ланскиот проект „Купи куќа ,купи стан“.
- Најголем дел, претежно млади брачни парови со деца или нивните родители се интересираат за надградба на семејна куќа, а ние ги преупатуваме понатаму со процедурата, a за да склучат договор со банките за поволен кредит. Воедно се упатуваат во Општина Велес каде во Одделението за урбанизам им се издава дозвола за градба, за што е неопходно да достават градежно техничка документација, појаснува Оцева.
Таа информира дека има интерес кај велешани и за проектот „Купи куќа купи стан“ односно за купување на куќа или стан.
Зоран Мецанов раководител на Одделението за урбанизам при Општина Велес, информира дека за овој проект граѓаните на Велес освен на постоечките преостанати слободни плацеви за градба на оние делови од градот кои се урбанизирани, воедно имаат можност за градба и на нови плацови од новиот детален урбанистички план на Општина Велес како на пример во новата населба Трпезица кај Велес.
- На овој простор од 42 хектари, заинтересираните граѓани ќе можат да се изградат 344 нови станбени куќи, за што веќе постои интерес кај граѓаните,информира Мецанов.
- На овој простор од 42 хектари, заинтересираните граѓани ќе можат да се изградат 344 нови станбени куќи, за што веќе постои интерес кај граѓаните,информира Мецанов.
Инаку овие владини проекти траат до крајот на годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен црногорски државјанин, возел со брзина од 185 км/ч на место каде максималната дозволена брзина е 100км/ч
-

Одбележување на Меѓународниот ден на белиот стап: „Правото на независно живеење, од бел стап до пристапна средина“
-

Руски напади врз црноморското пристаниште Измаил, погодени два товарни брода
-

Зеленски: Украина ќе ги обнови нападите врз руските рафинерии
-

Си-ен-ен: Ако продолжи конфликтот со Иран, американската армија може да употреби „Мајка на сите бомби“
-

ЛШ: Минимален пораз за Вардар на гостувањето во Полска
-

На комисиска расправа Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво
-

Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“
