Во Велес до 13 часот излезеноста на гласачите e 25,29 проценти
На 84 избирачки места во Општина Велес од запишаните 45.996 избирачи до 13 часот на гласање во вториот круг од претседателските избори денеска излегле 25,29 проценти или 11.633 гласачи.
Како што информира за МИА, Лили Велковска претседател на ОИК Велес гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера без никакви инциденти. На избирачките места има и набљудувачи од МОСТ, а и тие од ОИК редовно вршат обиколна на избирачкте места во градот и општината
Информира дека вчера гласале и 83 болни и изнемоштени лица и 35 лица на отслужување затворска казна во Затворското одделение во Велес, а кои исто така го оствариле граѓанското право на глас.
Велковска ги потсетува гласачите дека своето граѓанско право можат се уште да го исполнат се до 19 часот кога ќе бидат затворени избирачките места.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата