Во Велес до 11 часот излезноста на изборите е 16,34, во Чашка 15,27, во Градско 20,62 проценти
Во Велес и велешко на 84 избирачки места до 11 часот денеска од вкупно 44 858 на единствениот избирачки список на гласање за првиот круг од Претседателските избори излегле 7329 гласачи или 16,34 проценти, информира за МИА, Ребека Бајдевска Ѓошева од Општинската изборна комисија (ОИК).
Во Општина Чашка, како што информира Марјан Јовановски секретар на ОИК Чашка на 31 избирачко место или од 6076 на единствениот избирачки список до 11 часот гласале 15,27 проценти од гласачите.
Во Општина Градско, пак, каде на 11 избирачки места со запишани 3019 избирачи на единствениот избирачки список до 11 часот гласале 624 односно 20,62 проценти од избирачите, што е најголем процент од трите општини, соопшти Мери Седмакова Димовска претседател на ОИК Градско.
Ново на Сител
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти