Во Украина прогласен ден на жалост

Во Украина, по вчерашните разорни напади на руските сили при што загинаа 41 човек, а 166 се повредени, денеска е прогласен ден на жалост.
Русија вчера изврши еден од најголемите ракетни напади во изминатите неколку месеци, при што беше погодена и главната детска болница во Киев.
Две лица загинаа кога руски проектил срамни со земја дел од детската болница Охматдит, а потрагата по преживеани под урнатините продолжи денеска во раните утрински часови.
Русија негираше дека цел на нападот била детската болница и тврди дека таа била погодена од делови од украинска ракета за воздушна одбрана, додека Украина соопшти дека пронашла остатоци од руска крстосувачка ракета.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски нападот го оцени како „брутален“, а за рускиот претседател Владимир Путин го нарече „крвожеден криминалец“.
Според Зеленски Русија вчера истрелала повеќе од 40 проектили, оштетувајќи речиси 100 згради во Киев, Дњепар, Криви Рих, Славјанск и Краматорск.
Ново на Сител
-

СЗО: Низок ризик од ширење на вирусот Нипах надвор од Индија
-

Прегазено 13-годишно девојче во Гостивар, возачот избегал
-

Прво финале за Алкараз на Австралија опен
-

Светската здравствена организација бара оданочување на слатките и алкохолните пијалаци
-

Мицкоски: За минималната плата мораме да постапуваме според закон, ќе има зголемување и нивелирање
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија од страна на ПССЕ
-

Рекорден снег во Москва - над 60 см по 32 години | ВИДЕО
