Свет
28. August 2015 - 20:17

Во Турција приведени двајца британски новинари

Турската полиција приведе двајца британски новинари од „Вајс њуз“ (Vice news) во општината Баглар, Дијабекир, бидејќи немале акредитација.

Полицијата ги привела Џејк Хенрахен и Филип Пендалбари додека ги снимале борбите меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници.

Заедно со британските новинари приведен е и нивниот преведувач.

Неименуван претставник на турските власти изјави дека британските новинари биле во контакт со бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК).

„Вајс њуз“ потврди дека двајца новинари и нивниот преведувач се приведени во Дијабекир.