Во Тунис повторно насилни протести

На улиците на главниот град на Тунис синоќа повторно избувнаа насилни протести, што предизвикаа дополнителен притисок врз владата на премиерот Хишем Мечичи за сузбивање на полициското насилство.
До судири вечерта дојде во населбата Сејуми, откако претходно во текот на денот протести имаше во центарот на градот, кога демонстрантите фрлаа столици и камења врз полицијата, која возврати со клоцање и удирање со палки.
Објавувањето на видео со полициско соголување и тепање на младо момче од оваа недела предизвика гнев во земјата и предизвика сомневања во веродостојноста на полициските реформи преземени по револуцијата во 2011 година.
Уапсени се полицајците кои биле вклучени во инцидентот, а премиерот изјави дека инцидентот е шокантен и неприфатлив.
Протестите во Сејуми избувнаа во вторникот откако маж уапсен од полицијата под сомнение за трговија со дрога почина во притвор. Семејството ја обвини полицијата дека го претепала до смрт. Туниското Министерство за внатрешни работи го негираше обвинението.
Активистите за човекови права изјавија дека полициското насилство се заканува да ги поткопа демократските придобивки постигнати по соборувањето на репресивниот режим на претседателот Бен Али пред десет години.
Ново на Сител
-

Комитетот на ООН утврди - Бугарија неосновано одбива регистрација на македонски здруженија
-

Лекарите со совет – Со “усул” јадење и пиење за празниците
-

Крушево преполно за Велигденските празници - полека се отвора сезоната за оваа година
-

За Велигден Дојран полн со туристи
-

Празнична атмосфeра во Охрид
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос

