Во Тунис денеска се избира претседател, со еден претседателски кандидат во затвор

Тунискиот претседател, Каис Сајед, на денешните претседателски избори е фаворит за освојување на својот втор мандат, откако неговиот главен политички ривал беше затворен минатиот месец, додека другиот противник е лидер на помала политичка партија.
Политичкиот развој на настаните во Тунис се сметаше за единствената релативно успешна приказна за Арапската пролет во 2011 година поради воведувањето на демократијата по децениското автократско владеење.
Меѓутоа, групите за човекови права сега тврдат дека Сајед, кој е на власт од 2019 година, поништил дел од демократскиот развој со отстранувањето на институционалните и законските ограничувања на својата моќ.
Сајед (66) ја отфрла ваквата критика и наведува дека се бори против корумпираната елита и предавниците и дека нема да биде диктатор.
Ајачи Замел, кој се сметаше за најголема закана за претседателот Сајед, веќе два месеца е во затвор, а вториот противкандидат, лидерот на партијата Народно движење, Зухаир Магзауи, е поранешен сојузник на Сајед.
Повеќе високо рангирани претставници на големите партии, кои главно се против политиката на Сајед, беа затворени во текот на изминатата година по различни обвиненија.
Тие партии јавно не поддржаа ниту еден од тројцата кандидати на денешните избори, додека на другите им беше забрането да се кандидираат.
Минатиот месец, изборната комисија, чии членови беа именувани од Сајед, дисквалификуваше тројца истакнати кандидати.ж
Парламентарците лојални на Сајед минатата недела му ја одземаа надлежноста на Управниот суд за изборни спорови, за кој се верува дека е последното независно судско тело во земјата.
Сајед од 2021 година ја концентрира целата моќ во свои раце, кога го распушти избраниот парламент и го преобликува уставот во она што државата го опиша како државен удар.
На референдумот за измени на Уставот излегоа само 30 отсто од гласачите, додека во јануари 2023 година на изборите за новиот состав на парламентот со значително намалени овластувања излегле само 11 отсто од гласачите.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
