Во Тирана утре МАЕИ ќе го одржи третиот конгрес
Единственатa партија на Македонците во Албанија, Македонска алијансa за европска интегрцијa (МАЕИ), утре во просториите на Националниот историски музеј во Тирана ќе го одржи третиот изборен конгрес.
На највисокиот партиски собир ќе биде избран претседател на партијата, централен комитет и надзорен одбор за наредниот четиригодишен мандат 2019-2023 година.
Според најавата од партијата, ќе биде донесена и Резолуција за унапредување на положбата, правата и слободите на Македонците во Република Албанија.
На Конгрес ќе присуствуваат 81 делегат од Мала Преспа, Корча, Билишта, Поградец, Тирана, Елбасан, Драч, Кукс, Гора и Голо Брдо.
Покрај делегатите од сите делови на Албанија во кои живеат Македонци, на конгресот ќе присуствуваат и бројни гости од Албанија, Македонија, Грција и Бугарија.
Македонска алијанса за европска интеграција во судскиот регистар беше запишана во јуни 2005 година.Првиот Конргес го одржа на 25 април 2009, додека Вториот на 6. април 2013 година во Тирана.
За прв претседател беше избран Едмонд Темелко, кој на вториот конгрес беше реизбран и се уште е на оваа функција.
Ново на Сител
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село

