Во Тетово одбележан Денот на македонската револуционерна борба

Со свеченост пред споменикот на Револуцијата во центарот на Тетово денеска беше одбележан 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба. Активностите започнаа со интонирање на химната на Република Македонија и едноминутно молчење во чест и слава на сите кои ги дале животите за слободата. Реферат за значењето на празникот пред присутните прочита професорката по историја Оливера Гиченко.
- Во состојби на терор како од турската власт, така и од пропагандите на соседните држави Македонците успеваат да ги негуваат и искажат своите национални чувства. Сите знајни и незнајни јунаци, борци, преродбеници и други ја носеа Македонија во своите срца. Можеби имаа различни методи, приоди и начини на борба но целта им беше иста слободна и самостојна македонска држава што се реализираше со борбарта против фашизмот во Втората светска војна и особено референдумот од 8 Септември 1991-та година, рече Гиченко.
Во рамките на одбележувањето на празникот цвеќе на споменикот на револуцијата положија делегација на Сојузот на борци Тетово, од тетовската касарна Народен херој Кузман Јосифовски Питу и гарнизонот на АРМ, претставници од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ Тетово, делегација на Здружението на бранители „Бедем", од Здружението на пензионери - инвалиди на трудот и делегација на Српската заедница во Македонија, регионален одбор Тетово.
Денот на македонската револуционерна борба - 23 Октомври се празнува од 2007 година кога беше донесен и изгласан новиот закон за државни празници.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Марија Андоновска, директорка на ИЈЗ
-

Одрони на патиштата на истокот, „Македонија пат“ 24 часа на терен
-

Филипче го одби Мицкоски за лидерска, тој пак не се откажува од состанокот
-

Инфлацијата лани изнесувала 4,1%, трошоците на мало зголемени за 3,6%
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
