Во Tетово одбележан Денот на АРМ

Со воена свеченост денеска во касарната „Кузман Јосифоски Питу“ во Тетово беше одбележан 18 Август - Денот на Армијата на Република Македонија.
Командантот на тетовскиот гарнизон потполковник Атанас Пановски потсети дека корените на АРМ се протегаат длабоко низ македонската историја.
- Досегашните достигнувања на АРМ се нераскинливо поврзани со стремежите и делата на нашите претходници и великани од пред и по илинденскиот период, патриотите од АСНОM и многубројната армија што ја ослободи земјата во Втората светска војна како силен сојузник на големата антифашистичка коалиција рече потполковник Пановски.
Според него покрај учеството на Армијата во меѓународни воени вежби и мировни мисии, неизоставен дел од АРМ се и ангажирањата во справување со природните непогоди во земјава.
- Природните непогоди ндонесоа многу непријатности уште од почетокот на годинава. Пожртвуваноста на припадниците на АРМ и нивното ангажирање во отстранувањето на последиците на поплавитево пелагонискиот, штипскиот, радовишкиот, кумановскиот, кривопаланечкиот и последните во тетовскиот регион не останаа незабележаниод севкупната македонска јавност што е уште еден доказ дека АРМ секогаш е и ќе биде тука за заштита и помош на граѓаните и институциите на Македонија изјави полковник Пановски.
Во рамките на свеченоста беа соопштени наредби за унапредување на офицери и подофицери, врачени награди и признанија на повеќе старешини и војници.
По завршувањето на официјалниот дел беше одржан и техничко тактички збор на кој беше претставен дел од воената опрема и вооружувањето со кои располага единицата во касарната во Тетово. На денешнатра свеченост во тетовската касарна на АРМ за првпат од својот избор на функцијата присуствуваше и градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи.
Ново на Сител
-

Полицајка го загуби животот, а 15 лица се повредени во експлозии во украинскиот град Лавов
-

Пакистан нападна талибански бази во Авганистан
-

Последен ден на ЗОИ2026, Норвешка со најмногу медали
-

Пет тела на мигранти пронајдени на брегот источно од Триполи
-

Најстудено и најмногу снег утрово на Попова Шапка
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Со премиерот Мицкоски вчеравечер извршивме увид во градежните активности на булеварот „Македонија“
-

Трамп најави дека ќе испрати болнички брод во Гренланд
-

Осумдесет политички затвореници се ослободени во Венецуела, изјави претседателот на Парламентот
