Во Тетово одбележан 11 Октомври пред Споменикот на револуцијата

Во Тетово Денот на народното востание – 11 Октомври се одбележа со полагање букети цвеќе пред Споменикот на револуцијата, во организација на општинската организација на Сојузот на борци и тетовскиот гарзнизон при касараната „Кузман Јосифоски-Питу“.
Чествувањето започна со интонирање на македонската химна и едноминутно молчење во чест и слава на сите загинати борци во Народо-ослободителна борба и припадници на АРМ.
-Поттикнати од Илинденско востание кога се почувствува слободата во 1941 повторно се јави истиот револуционерен дух за кревање ново востание. Се редеа битки и создавање на нови партизански одреди, се раѓаа нови борци и партизани кои стремеа кон исполнување на вековните идеали за слобода и самостојност, истака во својот пригоден говор Јоцко Димитриевски, претседател на тетовската општинска организација на Сојузот на борците.
На одбележувањето цвеќе пред Споменикот на револуцијата положија делегации на Општина Тетово, општинската организација на Сојузот на борци Тетово, од касарната „Кузман Јосифовски Питу“, општинска организација на СДСМ Тетово, општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Тетово, резервните воени старешини, Сојузот на воени инвалиди, Здружението на пензионери на Тетово како и од Македонско-хрватското друштво.
Ново на Сител
-

Владините ветувања на проверка: Што е реализирано на половина од мандатот?
-

Филипче по средбата со земјоделци: Тотална негрижа на Владата на Мицкоски за земјоделците
-

15.000 полуматуранти се запишале на првиот уписен рок во средните училишта
-

Колапси во автобуси и на улица - десеттина интервенции на Брза помош само во еден ден
-

Преглед на вестите од светот
-

Реализација на владините ветувања
-

Млекарите од Пијанец најавуваат блокади на патиштата, а млеко ќе се дели гратис, наместо да се истура
-

Сп 2026: Аргентина - Алжир со 3-0 со хет-трик на Меси
