-->
-->
Во Тетово излезеноста до 10 часот два отсто
-->

Претседателот на ОИК од Тетово Артан Адеми соопшти дека до 10 часот од вкупно 83.094 избирачи на референдумот гласале два процента од запишаните при што во руралните средини е поголема излезеноста за разлика од градот. Засега од ниту една од 117 избирачки места во општина Тетово нема пријавено никаков проблем или застој во гласањето, рече Адеми.
Споредбено со претходните избори, Адеми рече дека тогаш имало четири отсто излезност до 10 часот, но оти очекува дека излезеноста на граѓаните ќе се зголеми во текот на денот.
Според информациите и од другите општини во Полошко, гласањето за референдумот засега се одвива мирно и без проблеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
