Во тешката сообраќајка кај Прилеп загина 75-годишник

Седумдесет и пет годишен жител на прилепското село Беровци е жртвата на тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на патот Прилеп - Битола, во близина на бензинската пумпа „Макпетрол“ на излезот од Прилеп. Од тешките повреди загинал на лице место на коловозот откако бил удрен од товарно моторно возило со скопски регистарски таблички.
Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, кој направи увид на местото на несреќата, тешката сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 20 часот.
-Пешакот се движел на коловозот и на средината од коловозната лента бил удрен од товарното возило. Службата на итната медицинска помош само констатирала смрт. Се уште не се познати причините за несреќата. Наредена е обдукција за да се утврдат причините за смртта на 75-годишниот жител на селото Беровци, рече Биноски.
Увид направи прилепската полиција.
Синоќа патниот правец Прилеп - Битола беше затворен, а сообраќајот се пренасочуваше по „стариот пат“. Изутрината е нормализиран сообраќајот на оваа делница.
Ново на Сител
-

Хемикалија за производство на детергенти ги побели Лепенец и Вардар
-

Два ер трактори го гасат пожарот во Желино
-

Тема на денот со професор Горан Начевски, претседател на Здружението на металурзи на Македонија
-

Само Филипче успеа да постави прашање, Села ја блокираше седницата
-

Гаши нема да оди на Илинден
-

Гостивар се уште без вода за пиење
-

На Инфективна расте бројот на критични пациенти со западно-нилска треска
-

Апелациониот суд – Скопје доби в.д претседател
