Во Тексас потпишан закон според кој нелегалната имиграција станува државно злосторство
Гувернерот на Тексас Грег Абот синоќа потпиша закон според кој нелегалната имиграција се смета за државно злосторство, а во обид да се запре рекордно зголемениот проток на имигранти во земјата.
Според законот, фатените имигранти ќе се соочат со повеќе години затвор, но ќе имаат избор – можат да бидат ослободени ако се согласат да се вратат во Мексико.
Абот потпиша и уште еден закон според кој се доделуваат 1,5 милијарди долари за изградба на ѕид на границата, со намера да се заврши оградувањето што започна за време на поранешниот претседател Доналд Трамп, а беше запрено откако Џо Бајден дојде на власт.
-Намерната пасивност на Бајден го натера Тексас самиот да се брани, изјави Абот кој синоќе го потпиша законот на церемонија при посета на пограничната зона кај градот Браунсвил, во најужниот дел на Тексас.
Тој го оправда чекорот повикувајќи се на статија на Уставот на САД што им дава право на државите да се одбранат од инвазии во случај на неактивност на сојузната влада.
Оние кои се за посилна гранична безбедност, претежно од Републиканската партија, го поздравија пристапот на гувернерот на Тексас.
Организации за човекови права и заштита на имиграцијата, пак, критикуваат дека законот се коси со Уставот и би водел кон расно профилирање на Тексашаните.
Абот очекува законот да го спроведува полицијата која претежно ги запира луѓето кои даѓаат од Мексико и ја пресекуваат границата.
Тој веќе дејствува независно од сојузната влада, а во рамки на операцијата „Осамена ѕвезда“ во која на границата се распоредуваат дополнителни припадници на службите, се гради ѕид долг 26 километри и се поставува бодликава жица во должина од 176 километри, додека 80.000 имигранти беа испратени со автобус до некои од градовите во северните сојузни држави.
Законат се предвидува да се најде на суд бидејќи според Уставот имиграциската политика е во домен на сојузната влада.
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска