Во тек подготовки за старт на ТЕЦ „Осломеј„
Во тек се подготовки за старт на ТЕЦ „Осломеј“. За почетно пуштање на блокот се користат два помошни котла за продукција на пареа до производство на пареа од главниот котел, соопшти денеска АД Електрани на Македонија, подружница РЕК „Осломеј“ Кичево.
За старт на помошните котли на ТЕЦ „Осломеј“, појаснуваат од компанијата, потребна е нафта, со која се загрева водата во котлите за производство на пареа. Оваа пареа, стои во соопштението, го грее мазутот во мазутна станица, до постигнување на потребната температура и потоа парните котли работат на мазут и произведуваат пареа за пуштачки операции на блокот.
- Штом се создадат услови за потпала на блокот, се палат мазутните бренери со капацитет 1,5 тони на час, поединечно, за загревање на котелот, создавање пареа и постигнување параметри. Котелот е опремен со шест мазутни бренери кои работат со полн капацитет 6-8 часа за загревање на котелот. После тоа за да се постигне потребен притисок во котелот се вклучуваат млиновите еден по еден, а притоа треба да се исклучуваат мазутните бренери еден по еден. Во нормална работа на блокот–гарантиран квалитет на јагленот, исправност на млиновите и т.н операции за старт, до синхронизација се околу 12 часа. По синхронизацијата до постигнување полна снага работат мазутните бренери, се вели во информацијата на АД Електрани на Македонија, Подружница РЕК „Осломеј„ Кичево , испратена до медиумите.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Институциите успешно се справуваат со пожари
-
СДСМ обвинува за нови тендерски мрежи на владата
-
Објавен конкурсот за упис на УГД – Штип за академската 2025/2026
-
Преглед на вестите од светот
-
Денеска вкупно 29 пожари, активни се уште се 9, меѓу кои и кај Блаце
-
Тема на денот со Мартин Костовски, кандидат за Куманово и организациски секретар на СДСМ
-
Реакции по извештајот за напредокот на Македонија
-
Рокас: Идентитетот и јазикот најдобро се бранат со членство во ЕУ