Во тек Конкурс за проекти од креативните индустрии за 2016-та

Министерството за култура информира дека до 4 декември 2015 е во тек Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата од областа на креативните индустрии за 2016 година.
Ќе бидат поддржани проекти кои се во функција на промоција, афирмација и развој на креативните индустрии, во секторите: визуелни уметности (графички дизајн, мултимедијален дизајн); индустриски дизајн, дизајн на производ и моден дизајн; и манифестации/фестивали и конференции/форуми од областа на креативните индустрии.
Право на учество на Конкурсот имаат здруженија и други правни лица кои се регистрирани во Централниот регистар на Република Македонија и физички лица. На Конкурсот не може да учествуваат национални установи од областа на културата, локални установи од областа на културата, општини и образовни установи, но тие може да бидат партнери во проектите со субјектите што имаат право на учество на Конкурсот.
Пријавата од областа на креативните индустрии, која е составен дел од Конкурсот, е објавена на веб-страницата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).
Конкурсот за креативните индустрии се објавува по четврти пат, а е активност предвидена со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година заради унапредување на овој мошне значаен сектор. Министерството за култура досега има поддржано околу 150 проекти кои нудат различни иновативни уметнички форми и содржат препознатливи естетски вредности.
За да се зголеми значењето на креативните индустрии, Министерството за култура во изминатиот период беа организирани и тематски креативни работилници, конференции и форуми, донесена и Стратегија и акциски план за развој на креативните индустрии во Република Македонија. Неодамна беше отворен и првиот Центар за дизајн во Република Македонија – Јавна соба, кој е единствен од ваков вид и на Балканот, урбан, иновативен и мултимедијален простор кој нуди соодветни услови за продукција и презентација на современите културни и уметнички програми на независниот културен сектор.
Ново на Сител
-

Четири лица завршиле на болница откако настанал проблем во системот за циркулација на вода на базен во Охрид
-

Приведен водач на навивачка група од Тетово, учествувал во тепачка и оштетил возило
-

Се бара куќен притвор за судијата со заѕидани 350.000 евра
-

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител
-

Поскапуваат горивата од 1,5 до два денари по литар
-

Минималните трошоци на четиричлено семејство во јануари зголемени за 921 денар
-

Д-р Мицевска: На Детската клиника има 20-ина деца со грип, сите се во добра општа состојба
-

Бесими: Фидоски доби јасни седум гласа и Советот ќе му даде шанса
