Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро

Преку единствен број за итни повици 112 денеска во 12.37 часот од страна од случаен минувач Центарот за управување со кризии добил информација за превртен чамец со две лица во Мавровско Езеро.
Лицата во моментот се држат за чамецот и самата струја ги носи кон хидроцентралата.
-Од наша страна веднаш е стапено во контакт со Диспчерски центар на ЕЛЕМ и со директорот на ХЕЦ Маврово и известени сме дека немаат исправен чамец. Известено е одговорното лице од Ренџерска служба од Национален парк Маврово и од истите известен сум дека имаат чамец и поради силниот ветер во Мавровското езеро има бранови и луѓето не се специјализирани за спасување во води и претставува потенцијална опасност да ги загрози и своите вработени. Во истиот момент преку РЦУК Тетово известени се ПС Маврово, ДЗС Гостивар, Општина Маврово и Национален Парк Маврово ренџерска служба. Испратено е барање до ДЗС за ангажирање на чамец и специјализиран тим за спасување во води. Исто така од наша страна изпратено е барање на МВР за нивна проценка и ангажирање на специјален тим со чамец или хеликоптер се со цел да се спасат двет лица во Мавровското езеро. Известен е директотор на ХЕЦ Маврово привремено да го запре производството на електрична енергија како би се избегнале струите во изерото. Од страна на Раководителот на СОК сум известен дека ќе биде ангажиран хеликоптер со лица од спцијална единица (Tигри), а чамецот ќе биде обезбеден од страна на одговорното лице од Ренџерите во Националниот парк Маврово, информираа од ЦУК.
Во тек е координативната акција за спасување на двете лица во превртениот чамец.
Ново на Сител
-

Николоски: Протестите не се решение, со билатерални договори го решаваме проблемот на превозниците
-

„Везилка“ и студентите на ФИНКИ веќе развиваат алатки базирани на вештачка интелигенција
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
