Во Студентски град во Софија запленети околу 300 килограми кокаин
Околу 300 килограми кокаин биле пронајдени во Студентски град во Софија, а според првичните информации, станува збор за „депо“ за дистрибуција на дрога, а кокаинот најверојатно бил наменет за дистрибуција надвор од Бугарија.
Бугарската полиција вчера соопшти дека на 24 мај привела 31-годишен маж во Студентски град откако во неговиот автомобил открила околу 40 килограми кокаин. По приведувањето бил извршен и претрес во неговиот дом, при што се откриени повеќе од 250 килограми кокаин.
Вредноста на 40 килограми кокаин на наркопазарот може да достигне до 10 милиони лева (околу пет милиони евра).
Кокаинот во Западна Европа и на Балканот доаѓа главно од Јужна Америка. Во Софија на почеток од годината беа откриени речиси 550 килограми кокаин, скриен во овошје увезено од Колумбија. Криминалната група што го увезла колумбиски кокаин во Бугарија беше неутрализирана во заедничка акција на полицијата на Шпанија, на Холандија и на Колумбија.
Ново на Сител
-
Најмалку тројца загинати во експлозија на киоск во Дизелдорф
-
ОЈО Скопје прибавува и анализира докази за Палчо, истрагата за останатите петмина осомничени во завршна фаза
-
Најмалку четворица мигранти загинаа во сообраќајна несреќа во Хрватска
-
Запленети 4,8 килограми злато при влез на ГП Богородица
-
Тече истрагата за убиството на Вања и Панче, првоoсомничениот Палевски во притвор
-
Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач
-
Мицотакис: Било кое отстапување од Договорот од Преспа ќе има последици и во билатералните односи и на патот на Скопје кон ЕУ
-
Пелистер го совлада Работнички, ќе игра со МЗТ за титулата