Живот
10. April 2017 - 12:31

Во средновековна Англија луѓето им ги сечеле главите на мртвите

 

Селаните од средновековна Англија, поточно во областа Јоркшир, ги распарчувале телата на своите блиски починати, за да бидат убедени и спокојни дека тие нема да воскреснат, пишува лондонски „Гардијан“.

Предците на жителите на селото Ворем Перси ги распарчувале, ги пресувале и ги гореле мртвите, стои во заклучоците од археолошките ископувања, објавени во списанието „Аркиолоџикал Саенс“. Откриени се 137 човечки коски, за коишто археолозите сметаат дека припаѓаат на десетина лица на возраст меѓу 2 и 50 г.

- Тезата за горењето и распарчувањето на тела во Ворем Перси е извршувано со цел - да се спречи „будењето на мртвите“, така велат доказите, изјави археологот Сајмон Мејс.

Сепак, не дека покојните се носеле во „касапници“, но се труделе барем да ја одвојат главата од телото. Најчесто тоа се случувало со телата на оие кои важеле за „лоши“, злобни или проко