Во Србија регистрирани 73 нови случаи и три нови жртви, вкупно заразени 457 лица
Во Србија во изминативе 24 часа, од 295 новотестирани, позитивни на коронавирусот биле 73 лица, со што вкупниот број на заразени се искачи на 457 лица, изјави на денешната владина прес конференција директорката на Институтот за јавно здравје „Батут“ Верица Јовановиќ.
Во последните 12 часа хоспитализирани се 47 заболени, а вкупно 25 лица кои се водат како тешки случаеви ставени се на респиратор.
Како што јави дописникот на МИА од Белград, Јовановиќ кажа дека денес е тежок ден за Србија, бидејќи во еден ден се регистрирани три смртни случаи, затоа што синоќа починале две лица, К.С. (80), кој бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар во Белград и П.Б (62), која бил хоспитализирана во Клиничкиот центар во Ниш, додека непосредно пред прес-конференцијата, во Белград од коронавирус починала особа на 48-годишна возраст. Со тоа билансот на починати лица од коронавирус се искачи на 7 лица.
На прес конференцијата беше кажано дека во Србија досега најмногу заболени има во Белград-177 лица, Ниш има 40 заразени граѓани, како и Ваљево, додека според вчерашните податоци Нови Сад има 21 заразени лица, Чачак 13, Крагуевац има 12 лица со потврден коронавирус, Крушевац и Чуприја имаат по 10 лица, а во Кикинда, Врање, Ужице, Зајечар, Панчево имаат помалку од 10 потврдени случаи.
Сите позитивни луѓе со лесна клиничка слика ќе мораат да бидат сместени на Белградскиот саем, изјавија епидемиолозите на прес конференцијата, напоменувајќи дека тој нема да биде колективен центар.
Во Србија во моментов има 67.000 работници кои се на „чекање“ и оние кои не работат, а околу 168 компании престанаа со производство поради пандемијата на коронавирус, изјави директорот на Секторот за стратегиска анализа на Стопанската комора на Србија, Михаило Весовиќ.
Ново на Сител
-
За 6 часа 429 казни за возачи на мотори, 267 не носеле кацига, 83 возеле без возачка
-
Кривична за бизнисменка од Кавадарци, затаила данок од над 800.000 евра
-
Приведен 45-годишен маж од Радовиш, предизвикал пожар
-
Излетале од патот по што се запалил автомобилот, во тешка сообраќајка загина Диого Жота и неговиот помлад брат
-
Израелската армија употребила бомба од 230 килограми во нападот врз кафуле во Газа
-
Одбиено обвинението против кумановскиот градоначалник, обвинителството се откажа од обвинението
-
Диди виновен за спроведување проституција, ослободен од најсериозните обвиненија
-
Во период од шест часа 169 сообраќајни прекршоци на подрачје на СВР Тетово и СВР Куманово