Во Србија на тромеѓето со Северна Македонија и Бугарија откриена златна жила со 19 тони злато
Канадската истражувачка компанија „Медголд ресурси“ навести дека во јужна Србија, на границата со Северна Македонија и Бугарија, во рамките на проектот наречен „Тламино“, открила прелиминарни резерви од околу седум милиони тони руда, со околу 680.000 унци, или близу 19,3 тони злато, во вредност од нешто повеќе од милијарда долари, јави дописникот на МИА од Белград.
Тие најавија изработка на прелиминарна физибилити студија, која треба да ги потврди овие резултати.
Со проектот „Тламино“, како што е утврдено, содржината на злато на тоа место, во просек, е околу три грама на тон. На пример, лежиштата со грам злато на тон, доколку се придружени со соодветни количини руда, се сметаат за профитабилни.
Прелиминарните студии за изводливост, како и дополнителни металуршки студии ќе ги изработуваат компании од Велика Британија, бидејќи постојат сериозни индикации дека на тоа место постои далеку поголемо количество од тој скапоцен метал.
Во истражувањето на минералното богатство наречено проект Тламино, Медголд пронашол и слој на руда од 40 метри, во кој има 8,32 грама злато на тон и скоро неверојатни 193 грама на тон сребро.
Во исто време, канадската геолошка компанија Тедијан која трага за лежишта на метална руда во Србија, Бугарија и Косово објави дека постигнала договор за купување на српската геолошка компанија ЕФПП, која поседува права за истражување на местата Кижевак и Саставци, во околината на Рашка, каде порано се наоѓале рудници за сребро и цинк, објавија „Вечерни Новости“.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп