Во Србија 4 нови смртни случаи од Ковик 19, вкупно се починати 189 лица
Србија досега има евидентирано 9362 заразени лица со коронавирус, 189 починати и 1426 излечени граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.
Во изминатите 24 часа, тестирани се 5086 лица, од кои позитивни на вирусот се 157 граѓани, што процентуално инесува 3,03 отсто, изјави на владината прес конференција на кризниот штаб, епидемиологот Ивана Милошевиќ.
Вкупно во Србија досега се тестирани 96.637 граѓанин од кои кај 9362 е потврден случајот на зараза со вирусот, а излечени се 1426 пациенти.
Во Ковид болниците и привремените центри хоспитализирани се 2286 пациенти, од кои со влошена клиничка слика и на респиратор се 57 лица.
Од вирусот во изминатите 24 часа починати се четири лица, тројца мажи и една жена, со што вкупниот број на починати се искачи на 189 лица од кои 116 се мажи и 73 жени, со вкупна смртност од 2,02 отсто.
Како што оцени Милошевиќ, процентот од 3,03 отсто на новозаболени и зголемувањето на излечените пациенти охрабува, порачувајќи им на граѓаните и понатаму да се придржуваат на владините мерки.
Србија полека излегува од епидемијата и ова е првиот викенд без целодневен полицијски час, кој ќе започне денес во 18 часот и ќе трае до недела во 5 часот.
Продавниците и супермаркетите денес и утре ќе бидат отворени до 17 часот, а пазарите од 7 до 15 часот.
На граѓаните над 65 години дозволено им е да шетаат еднаш дневно на еден час по 18 часот.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Стоје Арсовски, пилот на ертрактор
-
И Филипче бара од Бугарија да нема нови барања за македонскиот идентитет
-
Владата отвора телефонска линија за барањата и потребите на повредените во Кочани и нивните семејства
-
Поголемо внимание и прилагодена брзина на патиштата за безбедност во летната сезона
-
Внимателно со барањата за високи плати, да не вивне инфлацијата!
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче вози Ауди Q8 купен од газда на фирма која набавуваше 3 пати поскап јаглен
-
СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година
-
Заврши изградбата на пречистелната станица во Дојран