-->
-->
Во сообраќајна несреќа кај Радовиш петнаесетина повредени
-->

Петнаесетина лица се повредени синоќа во сообраќајна несреќа што се случи на патот Струмица-Радовиш.
Несреќата се случила околу 19 часот и во неа учествувале седум возила - шест автомобили и еден камион.
Настанот го потврдија и од СВР Струмица, од каде информираа дека имало повеќе повредени, но само двајца се пренесени во струмичката болница.
Според доктор Гошко Гошев, началник на Хируршкото одделение при болницата, кај нив биле донесени двајца патници. Едниот е задржан на натамошно испитување и следење на неговата здравствена состојба, а вториот по укажаната помош е пуштен дома.
Од струмичката полиција повеќе детаљи за несреќата најавуваат за подоцна.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
