Во Собранието 98.РОС - РОТ Семинар

Од денеска до петок во македонското Собрание ќе се одржи 98.РОС-РОТ Семинар.
Семинарот е во организација на парламентарното собрание на НАТО во соработка со Собранието на Република Македонија на тема „Евроатланска интеграција на Западен Балкан: зајакнување на Европскиот мировен проект“.
Поздравни обраќања ќе имаат претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Парламентарното собрание на НАТО Паоло Али, швајцарската амбасадорка во Македонија Сибил Сутер Тејада, а клучни напомени ќе изнесе поранешниот американски специјален пратеник на Балканот и заменик - помошник на генералниот секретар на НАТО за операции Џејмс Пердју.
Во трите дена на семинарот ќе се одржат осум сесии. Првата сесија е посветена на Зајакнување на правото, реформа во администрацијата и правосудството и борба против корупцијата. На оваа сесија најавени се обраќања на министерката за правда Рената Дескоска, а во панел дискусијата ќе учествуваат поранешниот евроамбасадор во Македонија и вобреден виш научен соработник во Центарот за европски студии Ерван Фуере и Марија Ристеска од Центарот за истражување и креирање политики.
Втората сесија е посветена на Добрососедските односи и стабилноста на Западен Балкан: Мерки за градење доверба, а најавено е обраќање на министерот за надворешни работи Никола Димитров, а потоа ќе се организира посебна тркалезна маса на која неколку амбасадори ќе зборуваат за перспективи од соседите.
На третата сесија за мигрантската криза и балканската рута ќе се обрати министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претставникот на УНХЦР Тихомир Николовски и Александар Тодосиев од МАРРИ.
Утрешните сесии се посветени на Земјите-НАТО аспирантки од Западен Балкан: Патот напред, Реформите во одбранбениот и безбедносниот сектор и Од Скопје до Брисел: следните чекори во евроинтегративниот процес. Најавени се обраќања, меѓу другото, на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и на вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
Во петок ќе се одржат седмата и осмата сесија на РОС-РОТ Семинарот а се посветени на Состојбата во медиумите во земјите од Западен Балкан и влијанието на дезинформациите и погрешните информации во креирањето на јавното мислење и Меѓуетничките односи на Западен Балкан.
Ново на Сител
-

Нова ера во хирургијата: Првата роботски асистирана операција успешно изведена во „Аџибадем Систина“
-

Притвор за директорката и двајца раководители од гостиварски „Комуналец“
-

30 дена кризна состојба во Гостивар
-

АХВ со засилени активности во Гостивар: Инспекторите земале дополнителни мостри од болницата и други објекти за испитување
-

Стомачни вируси детектирани кај двајца Гостиварци на Инфективна клиника
-

Политички препукувања за скандалот со водата за пиење во Гостивар
-

Претседателката на Индија Мурму во посета на Македонија
-

Силно невреме го погоди Делчево
