Македонија
3. December 2015 - 15:12

Во Словенија ќе се приватизираат околу 20 фирми

Словенија планира да почне приватизација на околу 20 фирми во 2016 година, соопшти Управниот совет на државната инвестициска компанија Словенечки суверен холдинг, која ја координира приватизацијата.

Најголемата приватизација ќе почне следната година и на продажба ќе биде најголемата банка во Словенија - Нова Љубљанска банка, која беше спасена од банкрот од државата во 2013 година.