Во скопската Зоолошка градина се роди пингвинче

Ново бебе пингвин доби скопската Зоолошка градина. Информацијата денеска ја споделија од Зоолошката на нивната Фејсбук - страница.
- Викендов во Скопје ЗОО повторно имавме причина за радост, се изведе уште едно бебе пингвин од видот хамболт. Нашите пингвини Џонатан и Лила за само неколку дена станаа горди родители на второ младенче, информираа од Зоолошката градина.
Во објавата се појаснува дека на споделеното видео може да се види како мајката Лила ги храни бебињата.
- Таа јаде риба, ја џвака и така подготвената смеса им ја дава на малите, што е природен начин на исхрана кај пингвините. Скопје ЗОО продолжува да биде една од најуспешните зоолошки градини во регионот во размножувањето на загрозениот вид хамболт пингвини, додадоа од Зоолошката градина.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
-

Може ли иницијативата на Мерц да го придвижи процесот на проширување на ЕУ?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица кои го негираат македонскиот идентитет
-

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата
-

Семејно насилство: Статистиката расте, но се буди и свеста за пријавување
-

Судството со 300 наместо потребните 456 судии, недостасува и администрација
