-->
-->
Во Скопје вчера 12 сообраќајки, повредени седум лица
-->

Во текот на изминатиот ден во Град Скопје се случиле 12 сообраќајни несреќи.
Како што информира денеска самостојниот инспектор во СВР-Скопје Драган Вељаноски, сообраќајната полиција извршила увид на сите 12 сообраќајни несреќи.
Од нив четири се со последица материјална штета, а шест се со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица.
Сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи заради необновување регистрација на возилото и еден возач, кој управувал патничко моторно возило без користење безбедносен појас.
Санкциониран е и еден возач на мотоцикл, кој го управувал без да носи заштитен шлем, односно кацига.
Специјалното возило „пајак“ не отстранило ниту едно возило.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
