Во Скопје вчера 12 сообраќајки, пајакот отстранил 82 возила
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди.
Седум од сообраќајните енсреќи се со последица материјална штета, а пет се со последица телесна повреда. Со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден пешак, еден велосипедист и еден патник во автобус.
Во текот вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 50 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото. Дваесет и пет возачи го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, пет возачи не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосница и тројца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај. Санкционирани се и 10 пешаци кои поимале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 82 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни предавања во ОУ „Петар Здравковски Пенко“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Бутел, со учениците од второ одделение.
Во 10 часот поранешните вработени на ОХИС ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија. Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а по потреба и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд наврна во Охрид
-
Земјотрес со епицентар во Албанија почувствуван во Охрид и околината
-
Израел и Иран продолжуваат да разменуваат воздушни напади преку ноќ
-
Сончево и малку посвежо со локална облачност
-
Новата ракометна сезона почнува на 6 септември, на стартот Алкалоид – Охрид
-
Дивац опериран по сообраќајна несреќа во Црна Гора
-
Мбапе пуштен од болницата во Мајами
-
Истрага против две лица за тешката сообраќајна несреќа во Охрид