Во Скопје вчера 11 сообраќајки

Еден сопатник на патничко моторно возило и еден пешак се здобиле со тешки телесни повреди, а три лица се здобиле со полесни телесни повреди во пет сообраќајни несреќи од вкупно 11 што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во шест сообраќајни несреќи е причинета материјална штета.
Полицијата санкционирала 39 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, четворица возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 11 пред да се стекнат со право на управување моторно возило и двајца почетници.
Од сообраќај биле исклучени и 11 нерегистрирани возила, а со специјалното возило „пајак“ биле подигнати 103 возила.
За не прописно паркирање, полицијата евидентирала 140 возачи.
Санкционирани се и седум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, 11 пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, четири возачи кои поминале на крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачи премин, 10 за не правилно престројување и тројца за не правилно престигнување.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
-

Кој стои зад информациите дека водата во Скопје наводно е небезбедна за пиење?
-

Петрушевски: СДС е како бунар без дно за ширење паника што станува опасно за граѓаните
-

Борозан: Власта веднаш да направи анализи на водата во цела држава и јавно да ги објави резултатите
-

Се чисти депонијата кај изворот Рашче
-

25 години Рамковен договор: Стабилноста се гради со дијалог, а иднината со инвестиции
