Македонија
27. February 2023 - 10:36

Во Скопје казнети 344 возачи, 155 за брзо возење

На територија на Град Скопје вчера во засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 344 мерки, меѓу кои 155 санкции за возење со брзина поголема од дозволената, 36 за управување возила без возачка дозвола и 38 казни за возење под дејство на алкохол.

Како што информираа од МВР, изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум санкции за некористење сигурносен појас...

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.