Во Скопје фрлени 100 тони сол

Екипите на зимската служба на Град Скопје изминатово деноноќие интервенираа на градските сообраќајници, каде фрлија 100 тони сол.
- Сите градски сообраќајници се чисти и проодни. Интервенирано е на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони, како и на сите други таканаречени „црни точки“ во градот и критичните точки на градските сообраќајници, соопшти Град Скопје.
Екипите на зимската служба и денеска ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат според потребите, согласно со условите на теренот.
Во надлежност на Град Скопје се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување.
Градските власти им препорачуваат на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на патот.
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
