Во Швајцарија уапсени 15 осомничени италијански криминалци
Швајцарските власти уапсиле 15 осомничени членови на италијанската криминална организација Ндрангета, кои сега се наоѓаат во притвор чекајќи екстрадиција, соопшти денеска швајцарската Влада.
- Петнаесет осомничени членови на мафијашката организација Ндрангета, кои италијанската власти ги обвиниле дека се дел од криминална група, уапсени се по налог на швајцарското Министерство за правда, соопшти ресорното Министерство.
Сите петнаесетмина уапсени се италијански државјани, чие екстрадирање е побарано од Рим.
Двајца од осомничените Италијани, кои се притворени во Швајцарија, се осудени на шест до девет години затвор според одлуката на судот во јужниот дел на Италија, се додава во соопштението.
- Припаѓањето на Ндрангета, меѓу другото, значи учествување на состаноците и во ритуалите на криминалната организација, покорување на хиерархиските структури и апсолутна послушност, се објаснува во документот на Министерството.
Околу 140 лица чекаат судски процес од крајот на минатата година поради помагање на оваа група да се инфилтрира во богатите структури во северниот дел на Италија, вклучувајќи гангстерски шефови и бизнисмени.
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024