-->
-->
Во шупата нашол стари буриња - Кога ги отворил го открил ТАЈНОТО ОРУЖЈЕ од Втората светска војна
-->
Дејл Буранд од Оклахома Сити во својата шупа го открил тајното оружје од Втората светска војна - бомбардерски нишански уред.
Во две затворени буриња се наоѓале целосно сочувани нишански уреди „Норден М“, тајна технологија која им помогнала на сојузниците да дојдат до победа во Втората светска војна.
Дејв бурињата во кои било оружјето од 1953 година, ги користел како работна маса во својата шупа. А кога неговиот син од него побарал од бурињата да му направи сплав, го открил оружјето.
Уредот „Норден М“ е користен за американските бомбардери во Втората светска војна, највеќе на Б-17 (Летечка тврдина), како и на корејските и војната во Виетнам.
И покрај тоа што „Норден М“ за време на пробите покажал неверојатна прецизност и радиус за погодок од 23 метри ( што за тоа време било извонреден подвиг), во пракса никогаш не била постигната таа прецизност.
Сепак, за време на Втората светска војна „Норден М“ се смета за клучен инструмент во војната, а екипажот морал да даде заклетва дека ќе го заштити ако треба и со својот живот. Тоа значело дека доколку уредот падне во рацете на непријателот мора да се уништи.
Погледнете го видеото...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владата донесе одлука со која цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април
-
Фитнесот почна како мода но полека стана здрава навика | Стефанија Бубало | Јанг стори | Sitel Podcast 032
-
ДИК донесе заклучок за конечност на резултатите од првиот круг на претседателските избори
-
Бискупот Стојанов упати Велигденска честитка до Архиепископот г.г. Стефан и верниците
-
Пронајдено тело на починат маж во Вардар во Велес
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување