Во штипските средни училишта запишани 612 ученици
Во првиот уписен рок во средните училишта во Штип се запишаа 612 ученици. Како што информира раководтелката на Секторот за образование и ЛЕР во Општина Штип, Билјана Казанџиска најмногу ученици се запишале во средното медицинско училиште (СОУ) „Јане Сандански“, каде што за 238 слободни места конкурирале 250 ученици, во средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“ аплицирале вкупно 221 ученик, од кои најголем интерес има за информатичката и угостителската струка.
– Во штипската гимназија „Славчо Стојменски“ имаме 125 ученици, додека 16 ученици во средното текстилно улчилиште „Димитар Мирасчиев“. Инаку, во Општина Штип во средните училишта има слободни места за упис на 984 ученици од кои најмногу во „Коле Нехтенин“, односно можат да се запишат 340 ученици во трите струки машинска, електротехничка и угостителка , вели Казанџиска.
Годинава деветто одделение во петте основни училишта во општините Штип и Карбинци завршија 419 полуматуранти. Вториот уписен рок во средните училишта е на 24 и 25 јуни
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче
-
Дипломатски активности за деблокада на европските интеграции
-
Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија
-
Божиновска смета дека Чебрен и Галиште треба да ги гради државата
-
Се зголемува економската соработка помеѓу општината Тире од Турција и општина Прилеп
-
Балкански самит на МААА
-
Преглед на вестите од светот
-
Софија денеска ќе одговори дали ќе се одржи средба меѓу претставниците на самитот во НАТО во Хаг